Дописници И Охрид се вклучува во акцијата „Нула глад“ во општината

И Охрид се вклучува во акцијата „Нула глад“ во општината

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателот на здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“, Душко Христов, потпишаа меморандум за соработка во рамки на реализацијата на проектот „Нула глад во општина Охрид“.

„Согледувајќи ги проблемите на значајна група сограѓани од една страна и вишокот храна кој се појавува од разни оператори со храна – производители, дистрибутери па и трговци, lокалната самоуправа одлучи да се приклучи во борбата против фрлањето храна од една страна и борба против сиримаштијата и гладот од друга страна. Основните начела за вклучување во акцијата „Нула глад во Општина Охрид“ се впишани во Меморандумот за соработка.Во наредниот период ќе се преземат конкретни заеднички чекори“, велат од општината.