Технологија Наука И одот го открива идентитетот

И одот го открива идентитетот

Градбата на човечкото тело, висината, распоредот на мускулите и на коските, како и останатите фактори создаваат единствен начин на движење на секој човек. Научниците од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим ги проучувале специфичните карактеристики на човечкиот од и дошле до заклучок дека тие се единствени како и отпечатокот од прсти.

Израелските научници потоа се насочиле кон снимање видеозаписи со преносливи уреди, како акциските камери или паметните очила, и заклучиле дека карактеристиките на одењето на секој поединец се пренесуваат и на специфичните примероци на нишање или сеопштото вибрирање на камерата. Оттука заклучиле дека од снимениот видеозапис може да се изолираат единствени биометриски податоци кои можат да го откријат идентитетот на самата личност што ја носи камерата на своето тело.

Со студијата, научниците предупредуваат на опасноста од објавување видеозаписи снимени на овој начин, затоа што идентотетот на снимателот може да биде откриен иако не се гледаат неговото лице и тело.