Македонија И министерот Арбер Адеми информираше дека е позитивен на корона вирус

И министерот Арбер Адеми информираше дека е позитивен на корона вирус

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми преку објава на Фејсбук информираше дека е позитивен на корона вирус откако се тестирал.

„Сакам да ве информирам дека откако имав полесни симптоми и сомнежи дека можеби сум заразен со ковид-19, направив тест кој за жал е позитивен“ напиша министерот Арбер Адеми на својот Фејсбук профил.

Адеми апелира сите да се придржуваат кон протоколите со цел заштита на сопственото и здравјето на најблиските.

Синоќа, и министерот за економија, Крешник Бектеши информираше дека е позитивен на тестот за корона вирус. И двата министри во актуелната влада се функционери на ДУИ.