Македонија И денеска сончево со температура до 40 степени

И денеска сончево со температура до 40 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи од 14 до 21 Целзиусов степен, а дневната ќе се искачи од 34 до 40 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, односно сончево со мала облачност и со ветер од северен правец.

Максималната дневна температура ќе достигне до 37 Целзиусови степени.