Македонија И денеска променливо облачно време со пороен дожд и грмежи

И денеска променливо облачно време со пороен дожд и грмежи

Во Македонија времето денеска, како и во изминатите денови, ќе биде промеливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално тие ќе бидат поинтензивни, со услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе се движи од 18 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 27 Целзиусови степени.