Македонија И денеска облачно и дождливо време, со температура до 25 степени

И денеска облачно и дождливо време, со температура до 25 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено во јужните и во западните делови од земјата, а ќе има услови и за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската температура се движи од 11 до 18 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 17 до 25 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје се очекува слично време, облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет и со слаб до умерен ветер од источен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 23 Целзиусови степени.

И во наредните три дена ќе има обилни врнежи од дожд, особено во јужните делови од земјава, но количествата воден талог ќе бидат во постепено опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).