Македонија И денеска нестабилно, со врнежи, грмежи и засилен ветер

И денеска нестабилно, со врнежи, грмежи и засилен ветер

По вчерашното големо невреме кое го зафати Скопје и северо-западниот дел на земјава, синоптичатите и за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи од 14 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината се очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи и умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 29 Целзиусови степени.

Според прогнозите на синоптичарите, нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до утре, а во вторник се најавуваат услови за слаб локален дожд. Стабилизирање на времето се очекува од среда.