Свет Хутите извршија напад за време на примирјето во Јемен

Хутите извршија напад за време на примирјето во Јемен

Шиитските бунтовници Хути утринава нападнале град во провинцијата Таез на југот на Јемен, набргу по стапувањето на сила на хуманитарното примирје од пет дена, соопштија очевидци.

Бунтовниците испукале тенковски гранати на станбеното подрачје на градот Џебел Сабр. Нема информации за жртви во нападот.

Со исклучок на овој напад, примирјето се почитува во другите делови на Јемен.