Македонија Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром

По повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром денеска во Градскиот парк во Скопје за првпат ќе се одржи хуманитарна трка на еден километар.

Спортска манифестација, која ја организира мечувачки клуб „Ескрим“, има за дел да ја подигне свеста за лицата со Даунов синдром и да придонесе за нивен еднаков пристап до спортот и спортските активности.

Трката е од отворен карактер, а на неа ќе учествуваат и деца со Даунов синдром и нивните семејства. Сите кои ќе сакаат да учествуваат во трката ќе треба да донираат 150 денари, додека учеството на трката за лицата и децата со Даунов синдром е бесплатно. Собраните средства ќе бидат искористени за обезбедување услови за вежбање на децата со Даунов синдром во текот на годината.

Децата со Даунов синдром, по завршување на трката ќе добијат медали и подароци, додека за останатите натпреварувачи ќе бидат организирана лотарија.

По трката, во рамките на хепенингот се предвидени уште три спортски активности кои се од забавен карактер: мечување, кошарка и фудбал.