Свет Балкан Хрватски спортисти повредени во сообраќајка во Италија

Хрватски спортисти повредени во сообраќајка во Италија

Комби со кое се превезувале осум хрватски спортисти, се судрило со камион во Италија, а во судирот има и тешко повредени.

Како што наведува „Јутарњи лист“, репрезентативците во мечување на Хрватска се враќале од турнир во Франција, а повредените се префрлени во болница во Бреши.

По несреќата, кон местото на судирот се упатиле пожарникари и итна помош, а интервенирал и хеликоптер.

Меѓу повредените се наоѓа и најдобриот мечувалец во светот во јуниорска конкуренција, Петар Филеш, како и хрватскиот репрезентациски селектор Дарко Ломов. Медиумите известуваат дека повредена е натпреварувачката Леа Лија и дека таа ќе треба да се оперира.