Свет Балкан Хрватска доби нова влада, Пленковиќ повторно премиер

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ повторно премиер

Хрватскиот парламент доцна синоќа ја избра новата влада, на чие чело повторно се наоѓа досегашниот премиер Андреј Пленковиќ. За вториот состав на неговиот владин кабинет гласаа 76 пратеници од вкупно 151, додека 59 претставници во Саборот гласаа против новата влада. Досегашната владејачка партија ХДЗ успеа да остане на власт во земјата откако обезбеди изненадувачки висока победа на неодамнешните парламентарни избори во Хрватска.

Пленковиќ во Саборот изјави дека формираното парламентарно мнозинство е доволно за да ја спроведат програмата околу која се согласуваат. Тој успеа да го скрати бројот на министерства во новата влада, од досегашните 20 на 16, но и да постави четворица потпретседатели.

Четиригодишната програма за работа на хрватската влада вклучува пет приоритети: социјална сигурност, економска сувереност, перспективна иднина, засилена државност и глобална препознатливост.

Од стекнувањето на независноста пред 30 години, Хрватска досега имала 15 влади и 12 премиери.