Македонија Хоспитализирани десетина средношколци од „Арсени Јовков“

Хоспитализирани десетина средношколци од „Арсени Јовков“

Десетина ученици од средното училиште „Арсени Јовков“ денеска попладне, околу 18.30 часот, се пожалиле на печење на очите и на грлото, соопшти МВР.

На учениците во училиштето им е укажана итна медицинска помош, по што веднаш се хоспитализирани. СВР Скопје е на терен и работи на утврдување на причината за ваквата појава.

Официјални податоци за случајот, како што соопштија од МВР, ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.