Свет Холивудскиот композитор Џејмс Хорнер загина во авионска несреќа

Холивудскиот композитор Џејмс Хорнер загина во авионска несреќа

Холивудскиот композитор и автор на музиката за филмскиот хит „Титаник“, Џемјс Хорнер, загинал во авионска несреќа, што се случила вчера во Калифорнија, пренесуваат светските медиуми. Тој имаше 61 година.

Според медиумите, Хорнер, кој бил обучен пилот, бил сам во мал приватен авион кој, од засега непознати причини, се срушил северно од Санта Барбара.

Композиторот, кој е двоен добитник на престижниот „Оскар“, соработуваше со Џејмс Камерон на три негови филмови, како и на хитовите „Прекрасен ум“, „Троја“ и „Аполо 13“.

Тој доби еден „Оскар“ за филмската музика во „Титаник“ и уште еден за насловната нумера во истиот филм.

Како што пренесуваат медиумите, од ударот, авионот оставил кратер на земјата и предизвикал пожар, кој бил изгаснат од локалните противпожарни екипи.

Преку пораки на „Твитер“, сочувство за смртта на композиторот, меѓу другите, изразиле и неговата лична асистентка Силвија Патриција и режисерот Рон Хауард.