Свет Европа Холандскиот парламент рече „не“ за референдум за членството во ЕУ

Холандскиот парламент рече „не“ за референдум за членството во ЕУ

Парламентот на Холандија денеска со големо мнозинство гласови ја отфрли иницијативата за организирање референдум за иднината на земјата во Европската Унија.

Предлогот за одржување референдум за излез на Холандија од ЕУ го поднесе лидерот на десничарската популистичка Партија на слободата, Герт Вилдерс, кој по одлуката на Британците да ја напуштат Унијата вети дека ако следната година биде избран за премиер, ќе спроведе референдум за ова прашање.