Свет Холандската влада очекува гласање недоверба поради помошта за Грција

Холандската влада очекува гласање недоверба поради помошта за Грција

Владата на холандскиот премиер Марк Рут очекува евроскептиците, десничарите на Герт Вилдерс, да побараат гласање недоверба за време на денешната дебата за последната финансиска помош за Грција.

За време на изборната кампања во 2012 година, Рут вети дека „ниту еден цент нема да даде за Грција“, а ваквите ветувања беа поддржани од неговата Либерална партија, од Вилдерс, како и од повеќето холандски гласачи.

Вилдерс најави дека ќе бара гласање недоверба, доколку холандската влада се согласи да и помогне на Грција.