Свет Европа Хокинг е за останување на Британија во ЕУ

Хокинг е за останување на Британија во ЕУ

Британскиот астрофизичар Стивен Хокинг и уште 150 универзитетски професори денеска во писмо посветено на останувањето на Велика Британија во Европската Унија, оценија дека излегувањето од Унијата би претставувало катастрофа за науката.

– Ако Велика Британија ја напушти ЕУ, тоа би значело губење на слободата на движење на научниците од Велика Британија кон Европа и тоа би било катастрофално за науката и за британскиот универзитет – навеле професорите во писмото објавено во весникот „Тајмс“.

Британците на 23 јуни на референдум ќе се изјаснат дали сакаат Британија да остане членка на ЕУ. Истражувањата блага предност ѝ даваат на опцијата за останување во Унијата, но предвидуваат дека резултатот, сепак, ќе биде тесен.