Свет Хилари Клинтон: Кина краде владини информации

Хилари Клинтон: Кина краде владини информации

Кандидатката за американски претседател од редовите на демократите, Хилари Клинтон, вчера ја обвини Кина дека ги краде трговските тајни и огромни количества владини информации, како и дека се обидува да изведува хакерски упади „во сè што не се движи во Америка“.

Овој свој став Клинтон го искажа вчера, за време на еден настап од нејзината кампања, пред граѓани на државата Њу Хемпшир.