Економија „Херитиџ“: Македонија е економски умерено слободна земја

„Херитиџ“: Македонија е економски умерено слободна земја

Македонија останува во категоријата економски умерено слободни земји и е рангирана на 47. место од вкупно 166 рангирани земји, пишува во извештајот за индексот на економски слободи објавен денеска, а изработен од Фондацијата „Херитиџ“ и од „Вол стрит журнал“.

Македонија има вкупна оценка 67,5 поени што е подобрување за 0,4 поени во однос на минатата година.

– Иако законодавната рамка во Македонија е добра, спроведувањето на правото е слабо и јавноста е скептична околу волјата на власта да ги гони функционерите за корупција. Полицијата, судовите, високото образование и здравството се гледаат како најкорумпиран сектори. И покрај тоа што постои законска основа за заштита на сопственичките права, спроведувањето е проблематично –  се вели, меѓу другото, во извештајот.