Дописници „Хепи енд“ премиерно во битолскиот театар

„Хепи енд“ премиерно во битолскиот театар

Претставата „Хепи енд“ од авторот Идо Нетанјаху, во режија на Благој Мицевски, е најновата премиера на Битолски народен театар, која премиерно ќе биде изведена в недела, на 14 јуни, во 20 часот. Драматургијата ја изработи Оливера Павловиќ, а музиката е на Марјан Неќак.

Оваа драма зборува за животот на едно еврејско семејство во 1932 годоина во Берлин, Геманија, и за нивната судбина и животни дилеми пред појавата на нацизмот.

Режисерот Мицевски вели дека она што како приказна и поента ќе го донесе оваа претстава е многу блиску до она што ние го живееме како реланост, сега и овде.

– Оваа драма ја испитува дилемата на едно семејство, дали да остане да живее во татковината или да ја напушти. Таа го прикажува светот на лицемерството и на мазохизмот и животот на тоа семејство. Оваа приказна е многу блиска со нашите животи и секојдневието во кое ние сега живееме – рече Мицевски.

Во претставата главната ролја ѝ е доверена на Кристина Христова-Николова, а играат и Огнен Дранговски, Марјан Ѓорѓевски, Викторија Степановска, Александар Копања и Катерина Аневска.

Превод на текстот од англиски го направи Ана Василева. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографија на Благој Мицевски. Претставата е самостоен прокет на БНТ, а годинава во октомври, со поддршка на Министерството за култура, ќе гостува во Изараел.

А.Б.