Свет Европа Хеликоптер со хашиш се урна во Шпанија

Хеликоптер со хашиш се урна во Шпанија

Во јужниот дел на Шпанија, во близина на шпанскиот град Кортес де ла Фрондера, денеска се урна хеликоптер полн со хашиш, при што загинаа двајцата пилоти.

Според полициските извештаи, хеликоптерот се урнал откако се удрил во електричен столб.

Засега не се знае која криминална група го поседувала хеликоптерот, кој превезувал меѓу 800 и 900 килограми хашиш.