Македонија Хазби Лика не може да гарантира закон за припадниците на ОНА

Хазби Лика не може да гарантира закон за припадниците на ОНА

Новиот вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика, за „Алсат М“, вели дека нема конкретен план за решавање на статусот на поранешните членови на ОНА и на семејствата на паднатите борци. Лика  вели дека не може да гарантира закон сличен на тој за бранителите, бидејќи засега нема таков договор во новата влада, исто како што било и со претходните влади.

– Не можам да кажам дали ќе се усвои некој закон бидејќи досега договорите што се направени меѓу албанските партии и во сегашната владина коалиција, не успеале да се договорат за такво нешто. Мислам дека со текот на времето треба да се види и оваа работа, ако е можно, барем семејствата на паднатите борци и оние што беа ранети за време на војната да се третираат од државата – изјави Лика.