Свет Балкан Харадинај во коалиција со Весели и со Лимај

Харадинај во коалиција со Весели и со Лимај

Демократската партија на Косово, Алијанса за иднината на Косово и Иницијативата за Косово потпишаа предизборен коалициски договор за заеднички настап на предвремените парламентарни избори, потврди Мирадија Мавриќ од Централната изборна комисија на Косово.

Во коалицијата има уште 10 помали партии.

Овие партии ги водат Кадри Весели, Рамуш Харадинај и Фатмир Лимај, а договорот го потпишаа неколку минути пред полноќ, кога истече рокот за поднесување на предизборните коалиции.

Од партијата на Харадинај, која досега беше во опозиција, претходно соопштија дека имаат црвени линии кога станува збор за коалицирање со досегашните владејачки партии.

Синоќа, предизборен договор потпишаа и Демократскиот сојуз на Косово на досегашниот премиер Иса Мустафа и Алијансата за ново Косово на Бесет Пацоли. Нешто претходно кон коалицијата се приклучи и актуелната градоначалничка на Ѓаковица, Мимоза Куари Лиља и независниот пратеник Илир Деда.