Главна секција Хан в понеделник во Скопје

Хан в понеделник во Скопје

Комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, в понеделник ќе допатува во Скопје.

– Одблизу го следиме развојот на настаните и ги повикуваме сите партии да продолжат да работат на имплементирање на Договорот од Пржино. Еврокомесарот Хан планира идната недела да ја посети земјата, поточно в понеделник – рече неговата портпаролка, Маја Коцијанчич.