Главна секција Еврокомесарот се растури од твитање

Еврокомесарот се растури од твитање

Еврокомесарот за проширување  и за соседска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил цело време споделува впечатоци и фотографии по средбите во Скопје. Така, по разговорите со цивилниот сектор и со Националниот совет за евроинтеграции, тој на „Твитер“ напиша:

„Средба со цивилниот сектор: Треба да го надминеме менталитетот „победници-губитници“. За напредок во реформите треба соработка плус компромис. На крајот на сите напори треба да има само еден победник: луѓето од оваа земја, кои заслужуваат промена и позитивна перспектива.“

Откако заврши средбата на Националниот совет за евроинтеграции, на која присуствуваа Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Димова од СДСМ, Фатмир Бесими од ДУИ, Хан „твитна“:

„НСЕИ: Политичкиот договор е значаен чекор во вистинската насока. Тоа ја нагласува сепартиската поддршка за евроатланска интеграција. Го поздравувам назначувањето на специјалниот обвинител. Сега е потребен понатамошен напредок во имплементацијата на договорот и реформски приоритети“.

На Националниот совет за евроинтеграции, Хан се осврна и на бегалската криза за што на „Твитер“ напиша:

„На НСЕИ зборував и за бегалската криза која има големо влијание врз вашата и другите земји од Западен Балкан. ЕУ мора да обезбеди ефикасна контрола на нејзините надворешни граници и ние сме подготвени да им помогнеме на земјите погодени од кризата како вашата“.