Свет Балкан Хан се обидува да ги смири Хрватска и Србија

Хан се обидува да ги смири Хрватска и Србија

Еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, се обидува да посредува во спорот меѓу Хрватска и Србија за бегалската криза и порачува дека затворањето на границите не е никакво решение.

– Уверен сум дека ќе најдеме решение. Станува збор за пропорционални мерки и за добрососедски односи. Затворањето на границата не е решение – изјави Хан за австрискиот весник „Стандард“.

Хрватска веќе четири дена го блокира товарниот сообраќај на границата со Србија. Ваквата мерка, според австрискиот весник, не само што ја нарушува трговската политика и нанесува штета на односите меѓу државите, туку и го урива имиџот и угледот на ЕУ.