Главна секција Хан: Пристапните преговори ќе траат подолго од претходно

Хан: Пристапните преговори ќе траат подолго од претходно

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за австрискиот дневен весник „Тиролер Тагесцајтунг“ порача дека пристапните преговори за зачленување во ЕУ во иднина ќе траат подолго отколку досега.

– Квалитетот пред брзината, посочи Хан – додавајќи оти членството на Унгарија и на Романија „покажалo многу нешта“.

Тој нагласува дека ЕУ извлекла поука од досегашните пристапни процеси.

– Процесите кои ги поттикнуваме на Западен Балкан би требало да добијат многу поголемо ниво на реализација кога станува збор за воспоставување на владеење на правото и борба против корупцијата – вели еврокомесарот Хан.