Македонија Хан: Лидерите да работат во интерес на државата, а не за лични...

Хан: Лидерите да работат во интерес на државата, а не за лични интереси

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, откако пристигна во Скопје, во изјава за „Телма“ порача дека доаѓа во Македонија за да го помогне процесот на преговори за да се пронајде решение со кое, како што рече, ќе се зачува евроатлантската перспектива на државата.

Тој апелираше до сите политички лидери да работат во интерес на државата, а не за личните интереси.

– Мислам дека сите треба да помогнат затоа што се работи за државата, треба да се преземе одговорноста и да се работи во интерес на народот, за иднината – изјави Хан.