Македонија Хан ќе одржи нова лидерска средба во Скопје

Хан ќе одржи нова лидерска средба во Скопје

Еден ден по посетата на помошничката на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, која во Македонија ќе дојде в понеделник, и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, ќе се обиде да стави крај на политичката криза, потврди за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Според планираното, Хан прво ќе има издвоени, а потоа и заеднички средби со четворицата лидери на политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети.

Тој ќе се обиде да издејствува конечен договор за ставање крај на политичката криза, а врз основа на договорената рамка од 2 јуни, која предвидува одржување на предвремени парламентарни избори во април идната година.

Посетата на Хан доаѓа по заострувањето на реториката од двете политички партии и напуштањето на првичните позиции договорени со договорот од 2 јуни.