Главна секција Хан ја комплетираше четворката – има шанси за напредок

Хан ја комплетираше четворката – има шанси за напредок

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пристигна на лидерската средба што денеска се одржува во резиденцијата на ЕУ на Водно, со посредништво на еврокомерасот Јоханес Хан.

Веќе шест часа трае средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев. Засега не се откриваат детали од разговорите.

Попладнето, околу 14 часот, на средбата пристигна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Се очекува лидерската средба да трае до доцна попладнево.

Претходно беше соопштено дека лидерската средба би можела да не се одржи доколку Хан оцени дека нема изгледи за напредок во преговорите за решавање на политичката криза.