Македонија Хан: Договорот од Пржино е жив, сега спроведете ги реформите

Хан: Договорот од Пржино е жив, сега спроведете ги реформите

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил соопшти дека Договорот од Пржино е жив и дека сите партии мораат да се ангажираат за на 5 јуни да има веродостојни избори.

„Го нотирам гласањето на Собранието на Република Македонија да ги одложи изборите на 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мора целосно да се ангажираат, да помогнат да се подготват веродостојни избори и да ги спроведат реформските приоритети, вклучително и реформите за медиумите. Им благодарам на европратениците, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит заедно со Евроамбасадорот Аиво Орав, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли и меѓународната заедница, за нивната континуирана поддршка“, се вели во твитот на Хан.