Свет Балкан Хан: Агендата „Берлин плус“ не е замена за членство во ЕУ

Хан: Агендата „Берлин плус“ не е замена за членство во ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска изјави дека планот на Берлин за Западен Балкан, агендата „Берлин плус“, не е замена за членство во Европската Унија.

По состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, Хан истакна дека оваа агенда е само показател за посветеноста на земјите членки на ЕУ, особено на Германија, за понатамошно ангажирање и за инвестирање во регионот.

Хан истакна дека секоја идеја за помош на Западен Балкан е добродојдена, но дека уште подобро би било кога наместо идеи ќе се искористат финансии.

– Мило ми е што слушам за постоењето на такви идеи и се радувам на новите можности со кои тоа може да се финансира. Важно е да се насочат инвестициите во вистинскиот правец, за тие да не се рашират во различни насоки, наведе Хан, додавајќи дека е важно планот на Берлин да поттикне нови инвестиции.