Свет Свет Хамас испука ракетен „рафал“ врз Израел во првите часови на новата година

Хамас испука ракетен „рафал“ врз Израел во првите часови на новата година

Пред неколку дена израелскиот премиер порача дкеа војната ќе трае „уште многу месеци“, така оглушувајќи се на меѓународните повици за прекин на воените дејствија меѓу Израел и палестинската енклава Газа

Извор на фотографија: Tasnim News Agency, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Малку по полноќ, односно по почетокот на новата 2024 година, припадниците на Хамас истрелале серија ракети врз територијата на Израел, јавија светските агенции. Со тоа, новата година за жителите на одредени региони на Израел почна со воздушна тревога. Засега нема податоци за штети и жртви.

Истовремено, продолжи израелската копнена воена операција на територијата на Газа. Убиени се најмалку 35 луѓе, соопштија палестинските здравствени власти од енклавата контролирана од Хамас.

Пред неколку дена израелскиот премиер порача дкеа војната ќе трае „уште многу месеци“, така оглушувајќи се на меѓународните повици за прекин на воените дејствија меѓу Израел и палестинската енклава Газа, којашто е под силна контрола на милитантното движење Хамас.