Главна секција Хајндл идната недела ќе донесе предлози и идеи за решавање на кризата

Хајндл идната недела ќе донесе предлози и идеи за решавање на кризата

Специјалниот германски пратеник, Јоханес Хајндл, идната недела повторно ќе дојде во Македонија, на средби со потписниците на Договорот од Пржино. Тој тогаш ќе донесе нови предлози и идеи за надминување на политичката состојба во земјава, дознава „Мета“.

Според информациите, вчера и денеска на средбите со лидерите на политичките партии ги слушал нивните предлози и сугестии за излез од политичката криза, без да сугерира можен начин на решение.

Денеска тој се сретна со претседателите на СДСМ, ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, а вчера разговараше и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Попладнево, Хајндл ја завршува дводневната посета на Македонија.