Главна секција Хајндл денеска во Скопје

Хајндл денеска во Скопје

Германскиот дипломат и специјален пратеник на германското министерството за надворешни работи за Македонија, Јоханес Хајндл, денеска ќе пристигне во Скопје, во обид да помогне во решавање на политичката криза.

За време на дводневната посета, Хајндл ќе има средби со четворицата потписници на Договорот од Пржино, како и со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и со други амбасадори на членки на ЕУ во земјава.

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, минатата недела повторно изрази загриженост поради политичката состојба во Македонија, поради што го назначи Хајндл да помогне во наоѓањето излез од ќор-сокакот, во кој влезе политичката криза по аболицијата на политичари и на нивни соработници.

Засега не е предвидено одржување на лидерска средба.