Свет Балкан Хаг бара гаранции за ослободување на Шешељ

Хаг бара гаранции за ослободување на Шешељ

Меѓународен суд за воени злосторства во Хаг

Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на територија на поранешна Југославија, денеска во Хаг побара од Холандија и од Србија до 18 часот да дадат свое мислење за евентуалното привремено пуштање на слобода на Воислав Шешељ.

Судот ја повика владата на Србија да потврди дека може да гарантира оти Шешељ нема да дојде во контакт со жртвите и сведоците и оти ќе се врати кога судот ќе го побара тоа.

Според српските медиуми, ваквата одлука на судот би можела да значи дека здравствената состојба на Шешељ значително се влошила.