Свет Гутереш го назначи Лакроа за шеф на мировните операции на ОН

Гутереш го назначи Лакроа за шеф на мировните операции на ОН

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го именуваше за нов шеф на мировните операции на ОН францускиот дипломат Жан-Пјер Лакроа на мандат од година дена.

Лакроа на 1 април ќе ги преземе мировните операции на ОН во момент кога ги тресе скандал за случаите на сексуално злоставување извршени од мировници. Тој доаѓа на местото на Французинот Ерве Ладсу, кој го одби предлогот на Гутереш да остане на функцијата.

Гутереш, исто така, соопшти дека американскиот дипломат Џефри Фелдман, кој е одговорен за политички прашања во ОН, ќе остане на истата функција.