Свет Балкан Гутереш: Дијалогот меѓу Белград и Приштина бара цврста посветеност

Гутереш: Дијалогот меѓу Белград и Приштина бара цврста посветеност

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која ќе биде разгледан извештајот на генералниот секретар Антонио Гутереш за работата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК) почна денеска во седиштето на организацијата во Њујорк.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во најновиот извештај оценува дека дијалогот меѓу Белград и Приштина бара цврста посветеност и додаде дека долготрајниот мир е можен само со одржлив напредок и нормализирање на односите.

Гутереш во редовниот тримесечен извештај за работата на УНМИК, за периодот од 16 јули до 15 октомври, наведува дека мисијата работела на градење доверба меѓу заедниците на Косово.