Технологија Гаџети „Гугл“ ќе ги пребарува и „твитовите“

„Гугл“ ќе ги пребарува и „твитовите“

Американската микроблог-мрежа „Твитер“ склучи договор со „Гугл“ благодарение на кој нивните кратки пораки ќе бидат повидливи на интернет.

„Во текот на првата половина на годината, „твитовите“ ќе се појавуваат во резултатите од пребарувањето на „Гугл“, благодарение на согласноста која друштвената мрежа ја даде за пристап до објавите што ги поставуваат нивните корисници“, објави „Блумберг“.

„Гугл“ претходно мораше сам да ги пребарува информациите на „Твитер“, а сега тој процес ќе се одвива автоматски. „Твитер“ сака на овој начин да постигне поголема видливост на својата мрежа, пораст на бројот на корисници и зголемен приход.