Технологија Гаџети „Гугл“ добил 345 милиони барања за повлекување на интернет-страници

„Гугл“ добил 345 милиони барања за повлекување на интернет-страници

Компанијата „Гугл“ во 2014 година добила повеќе од 345 милиони барања за повлекување на интернет-страници од својот пребарувач поради авторски права.

Бројката е за 75 отсто поголема во споредба со 2012 година, а се очекува да порасне во 2015 година.

Кога станува збор за домеини кои најмногу се погодени со обвиненија за кршење на авторските права тоа се 4shared.com, rapidgator.net и uploaded.net. Секој од нив има по пет милиони барања, објави информативната платформа „Торент фрик“.