Свет Свет Групата Ал мурабитун ја презеде одговорноста за инцидентот во Бамако

Групата Ал мурабитун ја презеде одговорноста за инцидентот во Бамако

Терористичката џихадистичка група Ал мурабитун ја презеде одговорноста за инцидентот во хотелот „Радисон блу“ во Бамако.

Ал мурабитун е група што ја сочинуваат државјани од северните региони на Мали и на нејзино чело се наоѓа поранешен припадник на Ал каеда, Мухтур Белмухтар.

Точноста на тврдењата на оваа група сè уште не може да биде потврдена, пренесува „Ројтерс“.

Според последните информации, вооружените напаѓачи ослободиле 80 лица од хотелот „Радисон блу“, каде од утринава држат 170 лица како заложници.