Хроника Група насилници нападнале ученици во автобус во Тетово

Група насилници нападнале ученици во автобус во Тетово

Вчера, околу пладне, на автобуската постојка во Тетово, четири-пет непознати лица насилно влегле во автобус на превозникот „Башким турс“ и со метални боксирачи нападнале двајца ученици од економското училиште, соопшти полицијата.

Како што информира полицијата, инцидентот се случил околу 12.30 часот на улицата Илинденска, во непосредна близина на земјоделското училиште.

Двајцата ученици, И.И. (18) и М.Б. (19) од селото Боговиње, поради повреди на лицето и на главата, побарале лекарска помош во Клиничкиот центар во Тетово.

Во врска со случајот, полицијата го привела 18-годишниот Љ.Б. и презема мерки за расчистување на случајот.