Македонија Грујовски не се појави на рочиштето за „Тврдина 2“

Грујовски не се појави на рочиштето за „Тврдина 2“

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да се одржи рочиште за случајот „Тврдина 2“, во кој првообвинет е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски.

Во судот се појавија обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски и Трајче Пеливанов, како и дел од обвинетите. Меѓу нив, засега ги нема Грујовски и неговиот адвокат Никола Додевски.

Случајот „Тврдина 2“ е еден од првите за кои СЈО поднесе обвинение во септември лани.

Сепак, и покрај неколкуте подготвителни рочишта, главната расправа за случајот сè уште не е почната. Судијката Лидија Петровска од СЈО бараше да ги декласифицира доказите за да може тие да бидат употребени во судската постапка.

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска, на претходното рочиште кое беше одложено, изјави дека успеале да декласифицираат дел од доказите.