Дописници Груевски: Зошто СДСМ го одби предлогот за бонус 17 пратеници ако се...

Груевски: Зошто СДСМ го одби предлогот за бонус 17 пратеници ако се веќе победници?

Премиерот Никола Груевски е зачуден што опозицијата го одби предлогот за бонус од 17 пратеници за тој што ќе победи на предвремените парламентарни избори.

– Одбивањето на предлогот ме чуди. Зошто тоа го прават, ако самата СДСМ прокламира дека е победничка – рече Груевски.

На изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека за мнозински модел на избори потребен е попис, Груевски одговори дека не гледа поврзаност.

– И без попис може да се спроведат избори и со пропорционален и со мнозински модел, иако во секој случај е добро да има попис. Тие само бараат изговор и моделот на изборите го поврзуваат со попис – изјави Груевски.

На новинарско прашање за мигрантите тој истакна дека веќе се ставило ред. Според него огромна била бројката на мигранти кои создавале немири кај локалното население.

– Ние презедовме мерки и со надлежните институции од соседна Грција се договоривме да испраќаат мигранти онолку колку што има капацитет нашата држава да прими – изјави Груевски.