Македонија Груевски: Време е опозицијата да си ја заработи платата

Груевски: Време е опозицијата да си ја заработи платата

Доста беше, време е опозицијата да си ја заработи платата, изјави премиерот Никола Груевски по повод денешното враќање на опозицијата во Собранието.

– Доста беше, 15 месеци земаа плата. Во Македонија нема човек што може такво нешто да добие. Доста беше. Време е тие да почнат да си ја заработуваат платата – рече Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање, како ќе постапи ако Заев ги напушти преговорите, Груевски рече дека цело време се трудат да се завршат работите како што било договорено.

Премиерот  изјавата ја даде по отворањето на новата зграда на училиштето „Живко Брајковски“ во општината Бутел, каде на свеченоста присуствуваше заедно со министерот за образование, Абдилаќим Адеми, заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски, и министерот за финансии, Зоран Ставрески.