Македонија Груевски во Брисел на самит на ЕПП

Груевски во Брисел на самит на ЕПП

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со пратениците Никола Попоски и Владимир Ѓорчев од денеска ќе присуствува во тридневна работна посета на Брисел, каде се предвидени средби со претставници на Европската Унија како и учество на Самитот на Европската народна партија (ЕПП).

Груевски попладнево треба да оствари билатерална средба со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент Дејвид Мекалистер, а вечер ќе се сретне и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Во текот на утрешниот ден делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предвидено е да се сретне и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.