Главна секција Груевски со капче, очила за сонце и палто врз рацете се појави...

Груевски со капче, очила за сонце и палто врз рацете се појави на суд во Будимпешта

Фото: Принтскрин

Поранешниот премиер на Македонија и сегашен бегалец од правдата и азилант во Унгарија, Никола Груевски, се појави денеска во судот во Будимпешта, кој одлучува по барањето за негова екстрадиција од македонските власти, објавуваат унгарските медиуми.

Груевски, како што може да се види од видеото, доаѓа во прiдружба на неколку непознати лица, со т.н. безбол капче, очила за сонце и палто кое му е префрлено преку двете раце.

Груевски, според унгарските медиуми, не дозволил да се прават фотографии и за цело време на сослушувањето не ги симнал очилата и капчето.

Не сакал да одговара ниту на новинарските прашања.

Одбранана побарала медиумите да бидат исклучени од сослушувањето поради сензитивните информации, а обвинителот се согласил на тоа.

Судот решил сослушувањето да биде тајно. Но одлуката за екстрадицијата ќе биде јавна.

На Груевски минатата година по бегството од Македонија преку Албанија, Црна Гора и Србија, Унгарија му даде статус на азилант.