Македонија Груевски: Сега ќе се види колку обвинувањата од опозицијата за фантомски гласачи...

Груевски: Сега ќе се види колку обвинувањата од опозицијата за фантомски гласачи биле реални

Сега ќе се види колку обвинувањата од опозицијата за фантомски гласачи биле реални, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за прочистувањето на избирачкиот список.

– Прво го слушавме СДСМ како зборува дека има 500.000 фантомски гласачи во Македонија, потоа намалија на 330.000, па намалија на 200.000 фантомски гласачи. Потоа на 100.000, потоа едно време се збореше за некои 70.000 и, еве, сега се зборува за некои 39.000 што требало да бидат проверени. Затоа да оставиме во наредните денови нека бидат проверени тие 39.000 и да видиме дали и таму ќе се најде некој фантомски гласач – рече Груевски, по посетата на Пробиштип.