Македонија Груевски: Подготвени сме да разговараме со Грција и да се најде решение

Груевски: Подготвени сме да разговараме со Грција и да се најде решение

Премиерот Никола Груевски во интервју за британскиот весник „Гардијан“, вели дека е подготвен за повторно отворање дијалог за прашањето со Грција, но доколку има некаков прифатлив предлог, тој ќе биде ставен на изјаснување на референдум.

– Ние сме подготвени да разговараме, да се отвори дијалог со нив, како и да се најде некакво решение – вели Груевски во интервјуто.

Во текстот, „Гардијан“ цитира дипломатски извор од Грција, кој вели дека официјална Атина бара географска одредница како решение што ќе се користи за сите употреби.

„Гардијан“, исто така, вели дека како опции се разгледуваат додавките „Горна“ или „Нова“, но дека засега сè уште не постои согласност.