Македонија Груевски: Одлуките на ДУИ се внатрепартиска работа

Груевски: Одлуките на ДУИ се внатрепартиска работа

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на отворањето на помошен објект за Државниот Архив и на министерството за внатрешни работи во Куманово, рече дека одлуката на ДУИ за ги повлече министрите од Владата е внатрешна партиска работа и тој нема намера да ја коментира.

– Немам некој посебен коментар. Се работи за внатрешна партиска одлука. Тоа е нивна одлука и јас не би ја коментирал – рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Одговарајќи на прашањето дали сега ќе следи создавање нова влада, Груевски порача дека следуваат избори и оти граѓаните се тие кои ќе оценат која и каква влада треба да се состави во иднина.