Македонија Груевски: Владата незаконски назначува кадри, ќе бараме одговорност

Груевски: Владата незаконски назначува кадри, ќе бараме одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски при денешната посета на Oпштина Сопиште рече дека Владата или назначува некомпетентни кадри, или тоа го прави незаконски.

– Се разрешуваат некои кадри што треба да ги разреши и назначи Парламентот, а Владата ги разрешува. На пример, ги назначил Парламентот и согласно законот, треба и да ги разреши доколку оцени така. Сега Владата ги разрешувa и новите ги назначува, што е спротивно на законот. Вакви примери има многу – изјави Груевски.

Според него, Владата направила хаос во однос на назначувањето на кадрите и во иднина ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одговорност за ваквото постапување.